Утрово во кинескиот град Гуангжу товарен брод удрил во мост, при што во реката пропаднале пет возила, вклучително и јавен автобус.
Државните медиуми наведуваат дека во несреќата загинале две лица, а уште три се водат како исчезнати.
Two people have died and three remain missing after a container ship collided with the pillar of a bridge over a river in #Guangzhou early on Thursday morning.
The bridge fractured and some vehicles fell into the water.
Rescue efforts are underway. pic.twitter.com/KSadHpR2Aq
— CGTN Radio (@CGTNRadio) February 22, 2024
Инцидентот се случил во 05:30 часот по локално време. Властите го приведоа капетанот на бродот и ги евакуираа луѓето што живееја во близина.
Во октомври 2021 година, провинциските власти ја утврдија потребата за зајакнување на мостот, што вклучуваше изградба на структури за избегнување падови на столбовите на мостот.
Досега рокот за завршување на работите беше пролонгиран три пати“, јави кинеската државна CCTV, како што јави Би-Би-Си. Гуангжу се наоѓа на делтата на реката Перл и е едно од најпрометните пристаништа во континентална Кина.