Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

VMRO-DPMNE-sedishte-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Димитар Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Без никаков повод, само затоа што некои медиуми ја критикуваа неговата влада за криминали или за неспособност или пак објавуваа релевантни анкети на кои губи неговата СДС, тој почна да ги напаѓа, да навредува, етикетира и да се заканува на тие медиуми. Тој за медиумите употреби изрази како “ќе квицкаат по подруми“ или дека “евтино се продаваат“ што освен што е навредливо истовремено е и закана по тие медиуми и по слободата на говор“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Ковачевски толку е исфрустриран и полн со омраза, што не знае ниту пристојно да се извини.

„Впрочем исто вака лицемерно и иронично се извинуваше и пред една година кога идентично етикетираше и навредуваше медиуми и се мешаше во нивната уредувачка политика. „Во државата има медиум, чија што уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чија што уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација“- рече Ковачевски во јануари 2023 година, па потоа се извини со половина уста, за сега уште посилно да удри по медиумите проширувајќи ја листата со нови. Очигледно е дека Ковачевски е лицемер. Очигледно е дека кога се извинува, всушност тоа не е искрено туку уште повеќе се полни со омраза. Јавноста и медиумите ги предупредуваме дека како што ќе ближи изборната катастрофа на Ковачевски така неговата нервоза и непристојноста ќе растат. Но колку повеќе навредува толку повеќе ќе тоне и толку казната од народот ќе му биде поголема“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK