Град Скопје со хуманитарна акција за Леонид Индов

Град-Скопје-со-хуманитарна-акција-за-Леонид-Индов.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов.

„Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија“, велат од Град Скопје и додаваат:

„Дополнително, во Петок 23.02.2024 година во 12 часот, во средното училиште на Град Скопје Георги Димитров ќе се одржи голем хуманитарен базар на рачни изработки од средношколци од сите 23 средни училишта под надлежност на Град Скопје“

Како што дополнуваат оттаму, Градот Скопје е град на солидарноста, хуманоста и грижата, за доброто на нашите деца и за најранливите категории граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK