Клиника Жан Митрев организира работилница за борба против срцево-садови заболувања

IMG_20240221_103151
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неделата посветена на борбата против срцево-садови заболувања, Жан Митрев Клиника ја обележува со едукативни работилници за борба против овие заболувања. Целта на овие работилници е да се научат да се препознаат знаците и ризиците од срцево-садови заболувања и да се превенираат со правилен личен развој и раст. Како дел од традиционалната соработка со Црвен Крст на град Скопје, на денешната работилница учесници беа волонтерите од Црвениот Крст кои учествуваа во работилницата и се едуцираа на оваа многу актуелна тема.

Психолошката работилница ја водеа и реализираа психолозите и психотерапевти од Жан Митрев Клиника, доц. д-р Кристина Егуменовска и Александра Петроски. Покрај обуката за препознавање на знаците, на работилницата младите учесници размислуваа како да ја препознаат својата комфор зона и за начините како да ја надминат со цел личен раст и развој.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK