Ноќеска, половина час по полноќ, во тетовско Жеровјане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот Ѓ.Г. од тетовско село, кој десетина минути пред тоа бил пријавен од неговиот 67-годишен татко дека во семејниот дом околу 20 часот се однесувал агресивно кон него и физички го нападнал, извести СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.