Путин унапреди висок функционер во затворот каде што почина Навални

Путин-унапреди-висок-функционер-во-затворот-каде-што-почина-Навални.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин унапреди висок функционер во затворот во кој пред неколку дена почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.


Заменик-шефот на затворската служба ФСИН, Валериј Бојаринев, е унапреден во генерал-полковник на Министерството за внатрешни работи.

Директорот на Антикорупциската фондација, основана од Навални, во вторникот на Телеграм објави дека Бојаринев е лично одговорен за мачењето на Навални во затвор.

„Тоа мора да се сфати како отворена награда на Путин за тортура“, рече Иван Жданов во врска со унапредувањето на Бојаринев.

Во јули 2023 година, на судско рочиште, се дозна дека Бојаринев му наредил на Навални да го ограничи купувањето на храна и дневни потреби. Затворениците обично можат да купат што им треба во затворската продавница со свои пари.

Според Жданов, новоименуваниот генерал-потполковник одговара и за други злоупотреби на лидерот на опозицијата.

За унапредувањето се дозна во понеделникот кога претседателскиот декрет беше објавен во правната база на податоци. Заедно со него, во чин генерал беа унапредени уште тројца службеници од органите на редот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, негираше дека овие унапредувања се поврзани со смртта на Навални, велејќи дека тоа е нормална процедура.

Навални (47) почина во петокот во сибирски затвор. Тој колабирал додека одел во дворот и починал и покрај обидите да го оживеат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK