16 членови на едно семејство пронајдени починати на Хаити

16-членови-на-едно-семејство-пронајдени-починати-на-Хаити.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 16 членови на едно семејство се пронајдени починати во планински град на југот на Хаити, изјави денеска локален функционер, додека локалните медиуми објавија дека нивната смрт била пријавена еден ден откако семејството присуствувало на погреб.


Телата се пронајдени во градот Сеген, на околу 50 километри јужно од главниот град Порт-о-Пренс.

Засега не е познато што ја предизвикало нивната смрт, но локални очевидци за Ројтерс изјавиле дека можеби станува збор за труење.

Полицијата и медицинските работници беа испратени во областа за да го истражат случајот, изјави Пјер Мишел Лафонтен, главен функционер на јужната област на Хаити.

Смртта на членовите на семејството, додаде тој, не е поврзана со насилство од бандите. Бандите станаа исклучително силни на Хаити, особено поради рекетирањето на компаниите, но и киднапирањето цивили, се вели во неодамна објавениот извештај од Светските иницијативи за борба против транснационалниот организиран криминал.

Минатата година, како резултат на активности на банди, близу 5.000 луѓе ги загубија животите на Хаити, според посебен извештај на Обединетите нации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK