Шведската влада го повика на разговор рускиот амбасадор по смртта на Навални

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот амбасадор во Стокхолм на разговор по смртта на Навални.


 

„Европската унија (ЕУ) мора да дејствува против политичкото угнетување во Русија. Сега тоа е уште поважно бидејќи на 16 февруари Алексеј Навални почина во затвор во Русија“, изјави министерот за надворешни работи Тобијас Билстроем.

Шведската влада исто така презеде иницијатива на европско ниво да ја испита можноста за нови санкции против Москва, се вели во соопштението за печатот на шведската дипломатија.

Повикот на шведската дипломатија до рускиот амбасадор доаѓа неколку часа по истиот потег на германското Министерство за надворешни работи.

Британската влада, од своја страна, во петокот вечерта ги повика дипломатите од руската амбасада да ги информира дека руските власти ќе бидат „целосно одговорни“ за смртта на главниот противник на Кремљ.

Во петокот беше објавена смртта на Навални (47) во оддалечен затвор на Арктикот каде отслужуваше 19-годишна затворска казна.

Западните земји едногласно го вперија прстот кон руските власти кои ги сметаат за одговорни за смртта на Навални. Неговата смрт се случи еден месец пред претседателските избори, што повторно ќе ја зајакне моќта на Владимир Путин по повеќегодишна репресија врз неистомислениците, пренесуваат медиумите во светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK