Штрајкуваат вработените во Ајфеловата кула: „Кулата пропаѓа“

Штрајкуваат-вработените-во-Ајфеловата-кула-„Кулата-пропаѓа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените на Ајфеловата кула во Париз ја напуштија работата во знак на протест поради неодржувањето на оваа светски позната туристичка атракција која годишно ја посетуваат седум милиони туристи.


Туристите нема да можат да го посетат ова обележје и ќе бидат лишени од погледот на градот на светлината од врвот на кулата.

Вработените тврдат дека Ајфеловата кула е запоставена и треба подобро да се управува,  а трошоците за одржување се потценети, пренесува Le Parisien.

„Очигледно е дека кулата е во лоша состојба, кулата пропаѓа“, додаде Вавасори, а дури и вработените кои работат во компанијата за управување и одржување веќе 30 години велат дека никогаш не ја виделе во полоша состојба.

Кулата, која се наоѓа во близина на Сена, била изградена за светската изложба во Париз во 1889 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK