Во верижен судир на најголемиот италијански автопат повредени се 25 лица

Во-верижен-судир-на-најголемиот-италијански-автопат-повредени-се-25.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 25 лица се повредени во верижна сообраќајна несреќа што се случи изутрината поради густа магла на автопатот А1, една од главните линии што ги поврзува северот и југот на Италија.


Италијанската агенција АНСА објави дека верижен судир се случил на автопатот А1 меѓу градовите Пјаченца и Парма на север, во правец кон Болоња, поради намалената видливост поради густата магла во утринските часови.

Во верижната несреќа во која учествувале околу 30 возила, повредени се најмалку 25 лица, од кои две потешко.

Многу противпожарни екипи биле на терен и им помагале на луѓето да излезат од возилата.

Две тешко повредени лица се префрлени во болниците во Парма.

Поради несреќата на автопатот имало колона возила долга неколку километри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK