Европската унија почна истрага против „Тик-ток“

Европската-унија-почна-истрага-против-„Тик-ток.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската Комисија почна истрага против „Тик-ток“ за наводно прекршување на правилата на Европската унија за заштита на децата и транспарентност на рекламирањето на социјалната мрежа.


Комисијата истражува дали алгоритмите на „Тик-ток“ создаваат зависност, односно феноменот дека апликацијата ги преплавува корисниците со слична содржина доколку покажат интерес за некоја тема.

Комисијата ги истражува и поставките за приватност на малолетниците, како и дали кинеската платформа ја задоволува обврската за прикажани реклами.

Истрагата се однесува на потенцијални прекршувања на Законот за дигитални услуги (DSA), релативно нов збир на закони што ги регулираат онлајн платформите. DSA бара тие да управуваат со различни ризици како што се заштитата на менталната благосостојба и правата на децата.

Законите, исто така, забрануваат употреба на податоци за малолетници за да им се сервираат насочени реклами.

Доколку се покаже дека „Тик-ток“ навистина ги прекршил тие правила, се соочува со казна до 6 отсто од годишните приходи, пишува „ДПА“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK