Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска најави кривична пријава против градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска и Весна Андриевска, вработена во Министерството за транспорт и врски. откако во саботата на вонредна седница на општината изгласан е ДУП кој предвидува изградба на 50 згради, на 240.000 метри квадранти станбени објекти.
ДУП-от предвидува и изградба на три индустриски капацитети на хемиската индустрија, на површина од преку 157.000 метри квадратни.
„Ова е недозволиво, и ниту јас, ниту адмиистрацијата на Град Скопје, нема да дозволиме да помине неказнето. Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“, рече градоначалничката.
Арсовска го опиша проектот како бетонски монструм, и обвини дека е изгласан спротивно на сите процедури, со кршење на повеќе закони.
Град Скопје дале две негативни мислења и забелешки кои општината била должна да ги острани и да го испрати планот во Градот, рече Арсовска додавајќи дека и покрај тоа општината дирекно побарала согласност од министерството за транспорт и врски.
„Општината не ги собрала сите согласности од надлежните институции за да може ДУП-от да го стават на располагање, а и таа согласност што ја имаат од Министерството за транспорт и врски е добиена според неважечки документи. Имено, документите кои биле обезбедени со висина од 5 или седум ката за зградите, сега се сменети со 14 и 20-катници, што ги прави документите неважечки“ рече градоначалничката.
Од Уставниот суд, ќе побара со времена мерка да се запре примената.