Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски оствари работна средба со поранешните министри и заменици министри.
„Денеска остварив работна средба со поранешни министри и заменици министри – спој на искуството и новата енергија. Разговаравме за сите оние отворени прашања и актуелни состојби во земјоделството во Македонија, заклучокот е дека моментално македонското земјоделство е во најкатастрофална состојба во историјата. Заеднички сплотено ќе работиме да ги корегираме сите недостатоци и закочени работи, а после 8ми мај ќе го вратиме македонското земјоделство на вистинскиот колосек, а со тоа ќе го вратиме и достоинството на македонскиот земјоделец“, рече Трипуновски.