Скандалот во кој обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепаше полицаец, отвори многу прашања, посочи Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
„Освен што со тепањето го покажа вистинското, криминално лице на ВМРО-МВРО, јавноста треба да знае зошто обезбедувањето на Мицкоски седи пред вратите на кафе бар навечер? МВР и техничкиот министер за внатрешни работи од ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да одговори: Која била улогата на обезбедувањето на Мицкоски? Дали неговата задача била да спречи акција против дилери на дрога? Дали тие дилери на дрога се поврзани со Христијан Мицкоски и ДПМНЕ и на кој начин?“, вели Каевски.
Како што вели, граѓаните ги очекуваат одговорите.
„Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност. Овој скандал кој води директно со белата палата мора да биде расчистен целосно“, завршува Каевски.