Израел објави кога ќе ја нападне границата со Египет

Израел-објави-кога-ќе-ја-нападне-границата-со-Египет.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот министер Бени Ганц му постави краен рок до 10 март на палестинскиот Хамас да ги ослободи сите израелски заложници, заканувајќи се со офанзива на градот Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци се засолниле од израелските напади. Тел Авив за прв пат одреди датум кога би можел да испрати војска во палестински град на границата со Египет каде што се засолниле повеќе од милион палестински цивили, забележува Би-би-си.


„Светот мора да знае, лидерите на Хамас мора да знаат – ако до Рамазан нашите заложници не се вратат дома, борбите ќе продолжат насекаде, вклучително и во областа Рафах“, рече Ганц во неделата. Оваа година Рамазан, светиот месец на постот во муслиманскиот свет, започнува на 10 март, забележува Би-би-си.

Израел „ќе ја координира и олесни евакуацијата на цивилите во дијалог со нашите американски и египетски партнери со цел да се минимизираат цивилните жртви“, додаде министерот.

Спомнувањето на Египет од страна на министерот може да ги поттикне шпекулациите дека Израел очекува некои Палестинци да се обидат да побараат засолниште на египетската страна од границата, каде што се чини дека властите поставуваат голема оградена област за таа цел, јави дописникот на Би-би-си за дипломатски прашања Пол Адамс.

Но, израелските власти сè уште не објавија детали за планот за евакуација, додаде дописникот на Би-би-си. До почетокот на Рамазан остануваат уште точно три недели, а бегалците се уште се во Рафах, само неколку од нив се упатиле кон запад, кон брегот, јавува Би-би-си.

И покрај меѓународниот притисок, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави копнен напад врз Рафах, кој треба да ги елиминира членовите на Хамас, јавува Би-би-си.

По упадот на Хамас на израелска територија во кој загинаа 1.200 луѓе, израелските вооружени сили го нападнаа Појасот Газа. Досега во израелските воени операции се убиени повеќе од 28.400 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 68.000 се ранети, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Египет подготвува област долж границата со Газа што може да се користи како прифатилиште на Палестинците доколку израелската офанзива предизвика егзодус преку границата, изјавија четири извори за Ројтерс, опишувајќи ја можноста како резервен план на Каиро.

Египет, кој негира какви било подготовки во оваа насока, постојано предупредуваше на можноста израелската офанзива на Газа да резултира со раселување на Палестинците на Синај, што Каиро го смета за целосно неприфатливо. Слични предупредувања испратија и други арапски земји, вклучително и Јордан. САД постојано го повторија своето противење на какво било раселување на Палестинците од Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK