Џафери на средба со Сарацин во Германија вети изборен процес по европски стандарди

Џафери-на-средба-со-Сарацин-во-Германија-вети-изборен-процес.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.


Реафирмирана е силната поддршка од Германија за следниот исчекор во европските интеграции, како клучен за граѓаните на Северна Македонија да го осигураат членството во ЕУ во непрекинат процес, известуваат од владината прес – служба.

„Се оцени дека Република Северна Македонија се наоѓа во исклучително важен момент од демократскиот развој, кога треба да спроведе уште едни фер и демократски избори, но и да ги реализира евроинтеграциите. Во таа насока е поздравен ставот на премиерот Џафери и на новиот владин состав за организирање и спроведување изборен процес по европски стандарди и е нагласено дека тоа се очекува да се слушне и види и од сите политички субјекти во изборниот процес“, стои во соопштението од Влада.

Во делот на евроинтеграциите, на среднабата било потенцирано дека одлуката во Собранието, со којашто би се исполнил единствениот услов од Преговарачката рамка и Северна Македонија би влегла во преговарачкиот процес, е од важност и за стабилноста на целиот Западен Балкан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK