Во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува, јавува УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени.
Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.