Германската армија ќе го брани поморскиот премин во Црвеното Море

Германската-армија-ќе-го-брани-поморскиот-премин-во-Црвеното-Море.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската влада одобри учество на германските вооружени сили во мисијата на Европската унија „Аспидес“, чија цел е да ја заштити морската рута во Црвеното Море од нападите на Хутите од Јемен, соопштено е денеска.


„Постојаната ескалација на насилството и заканата по животите на екипажот на трговските бродови ја прави неопходна воената мисија“, рече заменик-портпаролот на германската влада Волфганг Бухенр на редовната прес-конференција на владата.

Германската фрегата „Хесен“ со екипаж од 240 членови пред десет дена веќе исплови од пристаништето Кил за да им се придружи на сојузничките сили во морето пред Јемен.

Одлуката на германската влада следната недела треба да ја потврди и Бундестагот каде мнозинство имаат владејачките партии.

Следната недела министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија треба да дадат конечно зелено светло за мисијата.

Бродовите од мисијата на ЕУ, за разлика од пловните објекти на САД и Велика Британија кои веќе учествуваат во мисијата „Посејдон Арчер“, нема да учествуваат во напади на позициите на паравоените формации Хути на копно, туку ќе ги штитат бродовите од проектили.

Фрегатата „Хесен“ е специјално опремена за придружба и заштита на бродови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK