Во периодот од 9 до 15 февруари пријавени се 17 нови случаи на голема кашлица. Сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број на случаи се од возрасната група од 10-19 години (n=8).
Од новите 17 случаи, 5 случаи се хоспитализирани (3 деца на возраст до 4 години, и по едно во возрасна група од 5-9 год и од 10-14 години).
Во 2024 година, заклучно со 15.02.2024, во Институтот за јавно здравје се регистрирани вкупно 39 случаи на голема кашлица, со инциденца од 2,1/100 000 жители.
Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос изминатиот петгодишен период (2019-2022 година), кога се регистрирани вкупно 9 случаи.
Бројот на регистрирани случаи во 2024 година, претставува предмет на анализа на податоците добиени од пристигнатите Пријави за заболување од заразна болест, како и од Пријавите за изолиран – докажан причинител на заразна болест на Bordetella pertussis.
Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 33 (84,6%) во девет различни општини, 3 лица живеат во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње, Тетово.
Во однос на возрасната дистрибуцијата, заболените лица се на возраст 1 месец до 45 години (медијана 6,9 години). Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 11 случаи (28,2%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (20,5%) се деца на возраст од 1 до 4 години.
Дистрибуцијата по пол покажува дека 20 лица се од машки пол, а 19 од женски, односот на машки-женски е 1:1,1.
Епидемиската крива укажува дека првиот пријавен случај е на 05.01.2024, а само во последните 7 дена се пријавени 17 случаи, со зголемување од 21% во однос на претходниот неделен период за пријавување.
Во однос на вакциналниот статус, 25 лица (64,1%) од заболените не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација. Десет случаи се комплетно вакцинирани за возраста, за четири случаи вакциналниот
статус е непознат.
Од заболените, регистрирано е 21 лице со хоспитализација (53,8%), и тоа 16 (76,2%) од нив на возраст до 4 години. Најголем број од случаите (13; 62,0%) се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле.
Постои епидемиолошка поврзаност меѓу заболените лица, пет групи по два случаи, извести Институтот за јавно здравје.