Голем црн чад се рашири низ Скопје од запалени пластични контејнери на булеварот Партизански одреди. Пожарникарите се на терен, а огнот е изгаснат.
„Гореа три пластични контејнери, затоа се крена густ црн чад. На терен е едно возило со тројца пожарникари и огнот е веќе изгаснат“, вели командантот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески за „Макфакс“.
Скопската противпожарна бригада денес гасеше пожар и во напуштена куќа спроти трговскиот центар „Ист гејт“.