Симона Халеп, некогашната најдобрата тенисерка во светот, поднесе тужба против канадската компанија „Quantum Nutrition“.
Романската тенисерка, која беше обвинета за допинг, смета дека суплементите на компанијата се виновни што и е изфечена суспензија од четири години.
Халеп бара отштета од повеќе од десет милиони долари од компанијата откако беше позитивна на допинг тестот на Ју-ес опен во 2022 година.
Супстанцата роксадустат е на листата на забранети од Светската антидопинг агенција бидејќи го зголемува хемоглобинот и производството на црвени крвни зрнца, што овозможува поголема издржливост.
Халепа тврдеше дека во 2022 година користела суплементи од споменатата компанија за време на Ју-ес опен и дека таканаречениот Кето МТЦ што го земала имал роксадустат, кој не бил наведен на спецификацијата на производот.
Симона додаде дека никогаш не користела забранети средства и дека невниманието на компанијата и тврдењето дека производот е легален довеле до уништување на нејзината кариера и нарушување на нејзиниот углед.
Таа ја тужеше компанијата пред државниот суд во Њујорк во Менхетен.
Компанијата не го коментираше случајот.