Како бомба одекна веста дека Килијан Мбапе го известил раководството на Пари Сен Жермен дека си заминува на крајот од сезоната.
Тренерот Луис Енрике не сакаше да зборува многу на оваа тема додека клубот не излезе со официјално соопштение, но навести дека тимот може и без него.
„Немам никакви информации за вас додека сите страни не излезат во јавноста и не објават сè. Нема што друго да кажам. Кога ќе зборуваат актерите, тогаш можам да ви дадам мое мислење, но, како и секогаш, тимот доаѓа пред секој поединец“, изјави Луис.Енрике.