Украинските власти жестоко го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е очигледно оти Алексеј Навални бил убиен од Путин. Зборувајќи од Германија, Зеленски рече дека на Путин не му е гајле кој ќе умре се додека неговата позиција на шеф на државата е сигурна.
Зборуваше и Андриј Јермак, шефот на претседателскиот кабинет.
– Путин е најголемото зло кое се плаши од каква било конкуренција. За него животот на Русин не е ништо. Со него не може да има преговори бидејќи единствениот јазик што го разбира е силата – напиша Јермак.
Алексеј Навални почина во казнената колонија број 3 во селото Харп во автономниот округ Јамало-Ненец.
Одделот на Федералната казнена служба на автономниот округ Јамало-Ненец соопшти дека по прошетката се чувствувал лошо и изгубил свест, а лекарите кои пристигнале во затворот можеле само да констатираат смрт.