Друштвото на филмските работници: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм

Друштвото-на-филмските-работници-Нема-конфликт-на-интереси-со-именувањето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Друштвото на филмски работници ги демантира информациите изнесени во јавноста дека постои конфликт на интерес во изборот на Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм. Од тука велат дека Бранко Петровски повеќе не е член на Надзорниот одбор на ДФРМ, а со започнувањето на 2024 година, не е на ниту еден начин ангажиран во Агенцијата за филм.


„Според законската обврска, Друштвото на филмски работници номинира член во Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ, и во новоизбраниот состав тоа е Бранко Петровски“, велат од ДФРМ.

Како што додаваат, Бранко Петровски е искусен и докажан професионалец во филмската дејност, почитуван во фелата и со особено искуство на домашен и меѓународен план во доменот на евалуација на филмски проекти, вклучувајќи и ангажман во европскиот филмски фонд „Еуримаж“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK