Рускиот опозициски лидер Навални почина во затворот каде ја служеше казната

Рускиот-опозициски-лидер-Навални-почина-во-затворот-каде-ја-служеше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почина лидерот на опозицијата Алексеј Навални (47), кој служеше затворска казна во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија. Ова го соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на управата на затворот, а пренесува Ројтерс.


„Денеска во казнената колонија бр.3 осудениот А.А.Навални се чувствува лошо по прошетката и речиси веднаш потоа ја загуби свеста. На местото веднаш била повикана екипа за итна медицинска помош која веднаш пристигнала. Преземени се сите мерки за реанимација, но не дадоа позитивен резултат. Лекарите од итната помош ја констатирале смртта на осуденикот“, се вели во соопштението на руската затворска управа.

Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, одлежуваше 19 години затвор за измама, непочитување на судот и прекршување на условната казна. Навални и многумина на Запад ги отфрлија тие обвинувања како измислени и политички мотивирани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK