Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Демократскиот-сојуз-Да-се-продолжи-важноста-на-личните-документи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Павле Трајанов, претседателот на Демократски сојуз, до Уставниот суд, поднесе иницијатива за поништување на автентичното толкување на член еден од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи: „Водството на ОНА“, „Липковско Езеро“,„Гробница непроштено“ и „Мавровски работници“.


Инаку по Автентичното толкување, се запре постапката за четирите Хашки предмети: „Се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година.“

Ова толкување, велат од Демократскиот сојуз, е спротивно на Уставот и Кривичниот законик, како и Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.

„Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите Хашки случаи“, вели Трајанов.

Како што додаде, без силна и цврста осуда за злострорствата од минатото не може да градиме мирна и демократска иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK