Отпад и хартии затекнале пожарникарите во напуштената куќа спроти „Ист гејт“ што се запали утрово.
На терен беа упатени две противпожарни возила и шестмина пожарникари, а повредени лица нема.
Командирот на скопската противпожарна бригада, Звонко Томевски, за „Макфакс“ изјави дека се работи за куќа во која не живеел никој.
„Имаше внатре отпад и хартии, веројатно тука престојувале бездомници“, рече Томевски.
Како што додаде, не е првпат да гори истата куќа, а пожарникарите интервенирале во повеќе наврати.