14-годишна ученичка паднала од прозорец на основно училиште кај Бихаќ, потврдија во полициската управа на Унско-санскиот кантон.
Истрагата која се уште е во тек треба да ги утврди околностите кои довеле до овој настан.
Девојчето се здобило со тешки физички повреди, но животот не и е загрозен и синоќа е сместена на понатамошно лекување во Сараевскиот клинички центар, изјавиле за порталот Краина, пренесува „Српскаинфо“.
Се уште нема подетални информации за овој инцидент.