Грција со големо мнозинство ги легализираше истополовите бракови и покрај противењето на Православната црква

Грција-со-големо-мнозинство-ги-легализираше-истополовите-бракови-и-покрај.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грчкиот парламент ги легализираше браковите и посвојувањето на истополовите парови. Грција стана првата земја со мнозинско православно население што го легализираше посвојувањето деца од родители од ист пол.



Грчкиот парламент вчера со големо мнозинство го усвои предлог-законот за брак и посвојување деца за истополови двојки, што претставува голема социјална реформа и покрај силното противење на Православната црква.

Предлог-законот поднесен од владејачката партија Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакос беше усвоен со 176 гласа „за“ од присутните 254 пратеници, по два дена расправа.

Кога законот ќе стапи на сила, земјата, каде што се уште преовладува традиционалниот модел на семејство, ќе стане 37-та земја во светот, 17-та во Европската унија и првата земја со мнозинско православно население што ќе го легализира посвојувањето деца од родители од ист пол.

Кога беа објавени резултатите, десетици луѓе вееја знамиња со виножито пред Парламентот и гласно навиваа.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK