Градскиот превоз во Скопје ќе функционира нормално, автобусите излегоа од авто базите, платите ќе легнат на сметките

127-санкционирани-возачи-во-Скопје-23-за-брзо-возење.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров.


Дека редовно ќе сообраќаат, за „Макфакс“ потврдија и надлежните во ЈСП а во изјава за неколку медиуми тоа го потврдил и претседателот на Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Миќо Стојановски.

„Автобусите ќе сообраќаат редовно, а во текот на денот на сметка ќе легнат и платите на вработените„ потврдија во изјава за „Макфакс“ надлежните од ЈСП.

Инаку утрово неколку празни автобуси беа забележани како се движат накај базата додека истите до раните утрински часови не беа забележани на улица.

Според надлежните надминати се недоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата.

Според вчерашните најави на синдикатите, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не требаше да сообраќаат поради неисплата на јануарската плата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK