Грција стана првата земја со мнозинско православно население што ги легализираше истополовите бракови.
Оваа одлука на грчките власти значи дека на истополовите парови сега ќе им биде дозволено да посвојуваат деца.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе се справи со сериозната нееднаквост“.
Како што пишува Би-Би-Си, законот ја подели земјата, а жесток отпор води Грчката православна црква.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се залагаше за нацрт-законот, но му беше потребна поддршка од опозициските партии за да го соберат мнозинството во парламентот.
Она што беше дополнителен проблем е што пратениците од неговата владејачка централно-десничарска партија се спротивставија и на усвојувањето на законот за легализација на истополовите бракови, пренесува медиумот.
„Луѓето кои беа невидливи конечно ќе бидат видливи околу нас, а со нив многу деца конечно ќе го најдат своето вистинско место“, рече Мицотакис во парламентот за време на дебатата.
На предлог-законот му беше потребно просто мнозинство за да помине во 300-члениот парламент.
Дваесет земји во Европа веќе ги легализираа истополовите бракови, но одлуката на Грција да им се придружи, според написите, е преседан, особено што таа е првата православна земја што го направи тој чекор.