Комлетно незаконски, со притисоци врз вработените во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација, денес се архивираат одлуки со вчерашен датум, за да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите, обвинува Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерството.
„Согласно законот за архивско работење член 15 од Уредбата на Владата за канцелариско и архивско работење не е дозволено антидатирање на предмети (заведување на предмети со претходен датум) сите документи/записи, писарницата ги испраќа истиот ден кога ќе ги прими потпишани или најдоцна ден по приемот“, вели Андоновски.
Го повика управниот инспекторат и другите надлежни институции да влезат во Мнистерството за информатичко општество и администрација и да ги испитаат логовите од ДМС системот кога се изработени документите, кога се заведени и со кој датум се заведени.