Mилошоски: Амбасадорот Мемеди ги известил властите во Италија дека се неважечки пасошите со старото име, ова е скандалозно

Mилошоски-Амбасадорот-Мемеди-ги-известил-властите-во-Италија-дека-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името “Република Македонија”, од 12 февруари се неважечки, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„Наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите. Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи“, вели Милошоски, објавувајќи го документот.

Како што додава, бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки. Со овој потег, како и многу други, додава пратеникот, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство.

Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија, порача Милошоски. Политичката одговорност, како што додава, и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи.

Засега нема информации за тврдењата на Милошоски од МНР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK