(Видео) Пожар во Црна Гора, четири лица загинаа

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четири лица загинаа во пожар во Бар во Црна Гора. Црногорската телевизија „Вијести“ од полициската управа потврди дека меѓу жртвите има 19-годишна девојка, двајца малолетници и една жена.



Пожарот избувнал во раните утрински часови, во населбата под ридот Волујица, јавува Бар инфо.

„Во четири часот и 35 минути, припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните од Одделението за обезбедување на Бар дека има пожар во монтажните бараки под Волујица, каде што живеат лица од ромско население. Пожарот зафатил неколку згради. На местото на настанот пристигнала екипа пожарникари од Бар со повеќе возила, а при гаснењето на пожарот биле пронајдени четири тела“, велат од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.

Екипите се уште се на терен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK