Две лица се повредени при превртување на камион во селото Јовац, на патот Краљево-Каменица, јави дописникот на РТС.
Несреќата се случила кога се превртел камион натоварен со камен од блискиот каменолом. Возачот и сопатникот се здобиле со полесни повреди.
Жителите на Јовац тврдат дека камионите кои превезуваат по камениот пат често се движат со голема брзина, не почитувајќи ги ограничувањата и наведуваат дека се „сериозна закана за сите учесници во сообраќајот, особено за пешаците и велосипедистите“.
„Навистина е среќа што немаше никој од спротивната насока и што беше избегната трагедија. Не можам ни да замислам што ќе се случеше ако некој беше во близина“, изјави жител на Јовац за РТС.