36-годишна жена, која е родена и живее само со една срцева комора, родила близнаци во римската Универзитетска болница Гемели, што е прв таков случај во Италија, јави италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на РТЦГ.
Нејзиниот случај е прв во Италија и само еден од четирите во светот.
Пораѓањето било можно поради одлучноста на жената, како и на заложбите на специјалистите од римската педијатриска болница, кои се грижеле за неа од дете со вродени срцеви заболувања и вработените во болницата Гемели, каде што се породила со царски рез.
Мајката и близнаците, момче и девојче се добро.
„Знаев дека ризикувам многу со моето полусрце, но сакав да станам мајка“, рече таа.
„Раѓањето близнаци е неописливо чувство“, додаде таа.