Власта последните 2 години префрлила 200 милиони евра народни пари на фирмата Марковски: Сајкоски за РЕК Битола

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Постои огромен сомнеж дека овие народни пари земени од џебот на граѓанинот се префрлени во десетина џебови на луѓе од власта. И затоа посочуваме до сите дека мора и ќе има одговорност – истакнува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.



„Меѓу другото тука сме пред РЕК за да соопштам еден голем скандал кој власта еве веќе две години го прави во нивната „златна кокошка“ РЕК Битола со тоа што на исто така нивната фирма Марковски изминативе две години им имаат префрлено 200 милиони евра. Двесте милиони евра народни пари, пари од државата се префрлени на нивната фирма. Тука постои и гледаме огромен сомнеж дека овие народни пари земени од џебот на граѓанинот се префрлени во десетина џебови на луѓе од власта. И затоа посочуваме до сите дека мора и ќе има одговорност. Наместо да се изградат градинки, да имаме нови училишта, подобра инфраструктура, ние денеска имаме 200 милиони евра префрлени во џебот на фирмата Марковски и негови блиски соработници.

Тој потенцира дека власта во заминување пакувајќи ги куферите сака да направи што поголема штета и врз институциите, меѓутоа и врз буџетот на Република Македонија.

„Тоа ќе биде спречено, граѓаните се свесни и подготвени за смена на власта, меѓутоа треба оние кои што ја практикуваа власта во моментот да се свесни да не прават злоупотреби кои носат долгорочни штети во државата и граѓаните“ – истакна Сајкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK