Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Штип – Кочани, а според информациите две лица се загинати.
„Јавен обвинител од ОЈО Кочани изврши увид на лице место, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување.
Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење“, велат од Обвинителството.