Казанџиска: МОН не може да влијае како некој ќе се изјасни, законските процедури ги следи Агенцијата за администрација

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државниот секретар во МОН, Билјана Казанџиска кажа дека сите вработувања на административниот кадар се реализираат преку Агенција за администрација, на новинарското прашање за работното место – раководител за сектор за средно образование, каде во јавниот оглас е наведено дека треба да се вработи Македонец или Македонка, а вработена е Љуљиета Ќерими, која досега, според јавно достапните документи, се изјаснувала како Албанка.



„Овде министерството не може да влијае ниту како некој ќе се изјасни, доколку е согласно Законот, законските процедури ги следи Агенцијата за администрација. Лицето се уште не е вработено, има приговори, не знам како ќе се одвива случајот понатаму. Тој што ги исполнува условите согласно Законот тој ќе биде вработен“, рече Казанџиска.

На прашањето дали има измени во конкурсот, Казанџиска одговори дека конкурсот е ист.

Огласот за вработување раководител на секторот за средно образование е од 3 јануари годинава, а одлуката за избор на Љуљиета Ќерими е објавена минатата недела, на 8 февруари, по завршувањето на сите фази за селекција на кандидатите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK