Ковачевски: СДСМ обезбеди поголема поддршка за лозарите, поголеми откупни цени и зголемен извоз

Ковачевски-СДСМ-обезбеди-поголема-поддршка-за-лозарите-поголеми-откупни-цени.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалната манифестација на закројување на лозјата во чест на Св. Трифун заштитникот на лозарите и винарите.


„Денеска сме овде Марена, во Тиквешкиот регион, симболот на нашето македонско грозје и вино, и во чест на овој голем празник, традиционално со закројување на лозјата го означивме почеток на новата лозарска реколта.

Производството на грозје и вино отсекогаш било и ќе биде една од најзначајните земјоделски гранки во нашата земја, по што и дома и надвор сме надалеку познати.

Заедно со МЗШВ коешто министерот ги предводи и ги предводеше процесите во унапредување на производството и на грозје и на вино успеавме во мандатот на Владата која што јас ја предводев преку ресорното министерство да го поставиме производството на вино на највисоко ниво и тоа го говорат и резултатите. Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13 извозник на вино во светот“, рече Ковачевски.

Владата посочи Ковачевски, успеа да направи голем број на мерки и активности за унапредување на производството на вино, ветена е авансна исплата на субвенциите и ветувањето е исполнето рече тој.

„На крајот на минатата година 30% од основната субвенција е исплатена на производителите на вино и на другите земјоделци и со тоа тие добија авансни 12.000 денари субвенција.

На крајот на 2024 година лозарите ќе добијат повторно авансна исплата.

Уште едно исполнето ветување – оваа година подршката за набавка на зелена нафта се зголемува за 100% и таа ќе изнесува 9.600 денари по хектар лозов насад.

Со новиот закон за вино лозарите добиваат гарантирана цена за откуп на грозјето но и нова посебна програма за финансиска програма за поддршка и развој на лозарството и винарството.

За прв пат воведовме грантови од 10.000 евра за поддршка за купување на опрема на малите производители на храна но и за малите семејни винарии, како и грантови од 5.000 евра за отворање на мали дестилерии“, посочи Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK