Жена загина додека чистеше снег пред својата куќа во Њујорк

Жена-загина-додека-чистеше-снег-пред-својата-куќа-во-Њујорк.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надзорна камера го снимила застрашувачкиот момент кога една постара жена смртно ја удрила тула во главата додека го чистела снегот пред нејзиниот дом во Њујорк.


Дејл Сингер (74) билa итно пренесенa во болница откако се урнал бетонскиот дел околу влезната врата.

Сведоците рaскажаа дека жената штотуку се свртела да ја заклучи вратата на 6-та авенија во Бруклин кога била згмечена од тулата.

Соседката Мијра Мартинез рече дека Сингер изнајмила дуплекс во градска куќа од 19 век со нејзиниот сопруг и ќерка.

„Таа беше многу фина дама и многу ми е жал што вака почина“, додала таа.

Полицијата која пристигнала на местото на настанот се обидела со да ја спаси, пред жената да биде пренесена во болница во критична состојба. Подоцна била прогласена за почината, пишува „Daily Mail“.

Трагедијата се случила додека Њујорк се бори со една од најлошите зимски бури во последните две години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK