Бисера Костадиновска, министерката за култура покажува голема нервоза во обидот да ја оправда скандалозната годишна програма во културата. Впрочем критиките и пристигаат и од страна на самите работници од културата и фестивалите кои таа ги заборави на сметка на проекти кои широкоградо ги “даруваше“ со народни пари, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„остадиновска ја нема да одговори зошто се одвоени 30.000 евра за „реализација на фестивалот „Моисиу“ во Приштина, Косово“, а во исто време сите останати национални театри кои се финансирани за учество во многу подалечни земји, се поддржани со десет пати помали средства? Зошто ова наводно учество на фестивал во Косово, зошто чини многу повеќе, отколку организацијата на нашите етаблирани традиционални меѓународни фестивали „Ристо Шишков“ и „Скомрахи“ заедно? Зарем меѓународните фестивали во Македонија не се квалитетни, па со народни пари ќе се поддржуваат фестивали во Косово?“, прашуваат од овааа партија.
Според нив, Костадиновска молчи и не одговара дали членовите на комисиите кои одлучувале за прераспределба на средствата си доделувале средства во здруженијата на граѓани во кои тие самите партиципираат.
„Ова е срамно и бедно. Ја доведовте културата до дното. Тоа нема да ви го заборават уметниците и работниците во културата. Со ДУИ и СДС во културата никогаш не било полошо“, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.