Британски политичар на состанок рекол: „Е** се Израел“, суспендиран е

Британски-политичар-на-состанок-рекол-„Е-се-Израел-суспендиран-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската лабуристичка партија суспендираше еден од своите кандидати на претстојните општи избори, кој наводно рекол „е** се Израел“ за време на состанок, пренесува „Скај њуз“.


Греам Џонс е суспендиран од партијата во очекување на истрага и е повикан на разговор.

Џонс, поранешен пратеник на Лабуристичката партија наводно рекол дека граѓаните на ОК кои доброволно се борат за израелските одбранбени сили „треба да бидат затворени“ и дека е „незаконско “ да се борат за Израел.

Едно лице присутно на состанокот рече дека Џонс за време на својот говор изјавил: „Луѓето треба да ја стават Британија на прво место и да престанат да ги ставаат другите земји на прво место“.

Наводно, спорната средба се одржала во неделите по нападот на 7 октомври, а голем дел од присутните биле претставници на муслиманската заедница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK