Украина нема да добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит

Зеленски-Европа-ни-испрати-јасен-сигнал-ја-чекаме-Америка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина најверојатно нема да добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит на Алијансата на почетокот на јули во Вашингтон, изјави денеска во Брисел американската амбасадорка во Алијансата, Џулијан Смит.


„Не очекувам Алијансата да ја покани Украина на самитот што треба да се одржи од 9 до 11 јули“, изјави Смит пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Самитот во Вашингтон, смета таа, треба да сигнализира дека Алијансата продолжува да се приближува до Украина и да преземе конкретни мерки за промовирање на идното членство на оваа земја, која моментално е во војна со Русија.

За време на самитот на НАТО минатата година во Вилнус, земјите-членки потврдија дека иднината на Украина е во НАТО, но не поставија временска рамка, како што бараше претседателот Володимир Зеленски пред тој самит.

Сите земји-членки на НАТО признаваат дека членството на Украина во Алијансата е незамисливо се додека војната е во полн ек.

Тоа всушност би значело конфликт со Русија, бидејќи членот 5 од Алијансата предвидува дека нападот врз една членка е напад врз сите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK