Илон Маск: Нема шанси Путин да изгуби во Украина

Уапсен-маж-во-САД-Се-заканувал-дека-ќе-изврши-масовен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милијардерот и претприемач Илон Маск ги предупреди американските сенатори дека „нема шанси“ рускиот претседател Владимир Путин да изгуби во Украина.


На главниот извршен директор на компанијата „Тесла“ во коментирањето на ситуацијата во Украина му се придружија сенаторите Рон Џонсон, Џеј-Ди Венс и Мајк Ли, како и поранешниот републикански кандидат за претседателска номинација Вивек Рамасвами и претприемачот и инвеститор Дејвид Сакс на X форум. Сите тие се против испраќање американска помош во Киев.

Џонсон, сенатор од Висконсин, рече дека оние кои ја очекуваат победата на Украина „живеат во свет на фантазии“.

„Мораме да го елиминираме тоа нешто“, рече Венс за пакетот помош од 95 милијарди долари, кој вклучува 60 милијарди долари помош за Украина, како и финансирање за Израел, Тајван и хуманитарна помош за Газа.

Маск додаде дека дополнителното испраќање помош во Киев само ќе го продолжи конфликтот. „Ова трошење не и помага на Украина. Продолжувањето на војната не и помага на Украина“, рече тој.

Според „Блумберг“, ова не е првпат Маск да ја доведува во прашање способноста на Украина да излезе од конфликтот како победник, што предизвика жестоки критики и од Киев и од демократските членови на Конгресот кои тврдат дека помагањето за одбрана на Украина е во Интересот на Америка.

Маск изјави и дека негов интерес е да се запре смртта на луѓето од двете страни и додаде дека се сомнева во мудроста на соборувањето на Путин, пренесува „RT Balkan“.

„Оние кои сакаат промена на режимот во Русија треба да размислат за тоа која е личноста што би можела да го отстрани Путин и дали таа личност ќе биде миротворец? Веројатно не“, рече Маск.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK