Возачките и сообраќајните ќе бидат бесплатни, иселениците нема да плаќаат за патните листови, најави Битиќи

Возачките-и-сообраќајните-ќе-бидат-бесплатни-иселениците-нема-да-плаќаат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот Фатмир Битиќи информира дека на денешната владина седница било донесена одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба предвремено да се сменат да бидат без надомест.


„За сите возачки дозволи задолжено е Министерството за внатрешни работи да бидат без надомест“, истакна тој.

Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, рече дека бесплатни ќе бидат возачките и сообраќајните дозволи и дека одлуката е веќе потпишана.

Бојмацалиев дополни дека сите вработени во МВР, кои работеле на документите за викендите и празниците, утре на своите сметки ќе добијат уште една плата.

Битиќи, соопшти дека Владата донела одлука и патните листови за иселениците, кои инаку чинеа 30 евра, да бидат бесплатни.

„Вториот заклучок е поврзан со МНР , а тоа е дека ќе превземе активности за издавањето на патните листови за сите што се надвор тој да биде бесплатен. Дополнително МНР е задолжено да превземе активности соодветно каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва, патните листови да се испраќаат по пошта и тоа да се прави онлајн за да немаат граѓаните дополнителни трошоци“, рече Битиќи.

Битиќи додаде дека во наредниот период ќе се бара решение како да им се надомести на оние граѓани кои платиле за нови документи, а во меѓувреме повторно платиле за предвремено да ги подигнат со новото уставно име.

Според него тие се дискриминирани.

„Искрено тие се дискриминирани, оние кои биле совесни и постапиле согласно законските измени, поднеле на време барања за возачки и патни исправи. Мислам дека треба да се најде начин да им се оддолжиме што биле совесни граѓани. Има одредени работи кои за жал ги забораваме. Бевме во период на ковид криза во која најверојатно издавањето на патни исправи не беше прва нужност. Не знам колку од нашите сограѓани мислеа на патување. Мислам дека првите патни исправи се издавани во јули 2021 година и можеби во овој период требаше поголема медиумска кампања“, додаде Битиќи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK