Пендаровски во посета на Стопанската комора на северозападна Македонија: презентиран Економскиот манифест за забрзан развој

Пендаровски-во-посета-на-Стопанската-комора-на-северозападна-Македонија-презентиран.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети Стопанската комора на северо-западна Македонија и оствари средба со претседателот на комората, Менди Ќура, со членовите на Управниот одбор, како и со претставници на компаниите – членки на комората.


Во рамки на посетата, пред претседателот Пендаровски за прв пат беше презентиран Економскиот манифест за забрзан развој, документ изработен од органите на комората во соработка со академски институции. Манифестот дава преглед на економските текови на државата од нејзиното осамостојување и овозможува да се идентификуваат досегашните пропусти. Тој, истовремено претставува водич за преземање на натамошни чекори за економски раст и развој, а ги посочува и неопходните реформи за поефикасни институции.

Пендаровски ја поздрави изработката на Економскиот манифест, посочувајќи дека е особено важно да се лоцираат приоритетните области во кои треба да се насочи фокусот во следниот период, и ги поддржа напорите на комората за поттикнување на нови инвестиции, нови работни места и одржлив економски раст и развој на државата. Истакнувајќи дека бизнисот бара предвидливост, правна сигурност и извесност, претседателот Пендаровски посочи дека земјата, и во наредниот период, треба да го продолжи патот кон членство во Европската Унија.

Во дискусијата со претставниците на компаниите кои членуваат во комората, беа разменети мислења и за предизвиците и проблемите со кои се соочува бизнис заедницата со оглед на актуелните економски и политички случувања, како и за потребата од поголема вклученост во подготовка на законските решенија коишто директно го засегаат бизнис секторот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK