Вчера во 18 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека околу 16 часот и 30 минути на крстосницата на улиците „Браќа Миладинови“ и „ Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 39-годишниот И.М. од гостиварско Речане удрило во малолетен пешак од Тетово.
Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.