Спречен шверц на над четири тони месо од дивеч, ризичен по здравјето на граѓаните

Спречен-шверц-на-над-четири-тони-месо-од-дивеч-ризичен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги спречи шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава, информира Царинската управа.


Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација ниту пак превозникот за него имал соодветен сертификат, и дозвола од соодветна надлежна институција Агенција за храна и ветеринарство. Во царинската декларација стоката е декларирана како „пластични палети и подвижни метални рафтови“ со вредност од 3.750 евра или само 5,6 проценти од вкупната вредност на стоката.

На терминал на граничен премин Табановце, инспектори со скенер извршиле контрола која што покажала дека во возилото освен декларираната стока има и друга стока која не е опфатена со царинската декларација. По отворање на возилото во 29 пластични палети е пронајдено замрзнато месо од разен дивеч, зајаци, фазани, еребици, за кои не поседувал никаква документација.

Против сторителот е поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик.

Заштита на здравјето на граѓаните и безбедноста на општеството е еден од клучните приоритети на Царинската управа, додаваат од оваа институција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK