Последниот натпревар од 26. коло на втората шпанска фудбалска лига, популарната Сегунда, меѓу Ваљадолид и Албасете на „Зориља“, заврши без голови.
Колото влезе во историјата на шпанскиот фудбал, бидејќи гостинските тимови на 11 натпревари не постигнаа ниту еден гол.
Домаќините остварија осум победи, а покрај натпреварот Ваљадолид-Албасете, 0:0 завршија натпреварите Леванте – Леганес и Елденсе – Уеска.
Ова се случува за прв пат во вториот ранг на шпанскиот фудбал, а елитниот ранг последен пат, тимовите кои гостувале не постигнале ниту еден гол во сезоната 1975/76, во 30. коло, на 10 и 11 април 1976 година.